Дома Останати Кошарка НБА Нов трипл-дабл на Јокиќ, Хјустон победи откако Харден си замина 🎥

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Хјустон победи откако Харден си замина 🎥

Изминатата ноќ беа одиграни пет натпревари во НБА лигата.

Хјустон без Џејмс Харден кој беше трејдуван во Бруклин Нетс славеше на гости кај Сан Антонио Спарс со 109:105. Рокетси покажаа дека можат без Харден, предводени беа од Вуд кој имаше 27 поени и 15 скокови, Браун додаде 23 поени и седум скокови. Најефикасен кај Спарсите беше Џонсон со 29 поени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Никола Јокиќ продолжи да доминира па во победата од 114:104 на Денвер над Голден Стејт стигна до нов трипл-дабл. Српскиот репрезентативец уфрли 23 поени и запиша уште 14 скокови и 10 асистенции. Стеф Кари кај Голден Стејт постигна 35 поени и додаде 11 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Мајами 125:108, Сан Антонио – Хјустон 105:109, Торонто – Шарлот 111:108, Денвер – Голден Стејт 114:104, Портланд – Индијана 87:111

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…