Дома Фудбал Репрезентации Нов СКАНДАЛ во Јужна Америка: Суспендиран капитенот на Перу

Нов СКАНДАЛ во Јужна Америка: Суспендиран капитенот на Перу

guerero

Капитенот на перуанската фудбалска репрезентација, Паоло Гуереро, е суспендиран откако падна на допинг тест.

Гуереро е суспендиран на 30 дена поради наводен допинг во натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Аргентина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Претседателот на Дисциплинската комисија на ФИФА не извести дека на Гуереро му е изречена привремена суспензија од 30 дена. Во овој момент ситуацијата е таква што во неговиот примерок беше пронајдена огромна количина на недозволена сусптанца“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Перу.

Поради оваа суспензија Перу без својот капитен ќе мора да ги одигра дополнителните два натпревари за пласман на СП во Русија против Нов Зеланд кои се на програмата на 11 и 15 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…