Дома Останати Кошарка Нов рекорд: Кавалирс им закачија 25 тројки на Атланта

Нов рекорд: Кавалирс им закачија 25 тројки на Атланта

Актуелниот шампион на НБА, Кливленд Кавалирс, стана нов сопственк на рекордот во лигата по број на постигнати тројки на еден натпревар.

Кавси се распукаа од зад линијата за три поени на гостувањето против Атланта за триумф од 135:130, постигнувајќи 25 тројки, со што го надминаа претходниот рекорд кој го држеа Хјустон и Денвер со по 24 тројки на натпревар, исто така поставен оваа сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Инаку, тимот од Охајо е сопственик и на рекордот во плеј-оф натпреварите, исто така поставен против Атланта, минатата година. Уште поголема симболика претставува фактот дека историјата ја испиша Кајл Корвер, некогашниот миленик на Атланта Хокс, погодувајќи за три поени на 1,17 секунди пред крајот на мечот.

За поразените, Тим Хардавеј Јуниор оствари рекорд на кариерата со 36 постигнати поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивачи нападнаа автобус во Италија – возач почина откако го погодиле со цигла (Видео)

Еден од возачите на автобусот кој превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја загина …