Кошаркарите на МЗТ и по седмиот одигран натпревар останаа без победа во Европкупот. откако синоќа загубија од Нижни Новгород 82:97.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неорганизираната, на моменти и хаотична игра во двата правци, во првото полувреме најавија убедлив пораз на МЗТ. Дека на македонскиот првак не му се пишува добро гостите најавија во првиот период кога создадоа двоцифрена предност (4:14), а првиот период го завршија со 14:26.
Прашањето околу победникот Нижњи го реши во првиот дел по кој стекна 20 поени предност (34:52).
Во второто полувреме Нижњи само го одработи мечот до крај, а во вторите 20 минути ја одржуваше предноста од 14 до 22 поени.