Дома Македонски спорт Мак фудбал Нов Македонец во Шкотска: Трапановски потпиша за Данди

Нов Македонец во Шкотска: Трапановски потпиша за Данди

По Бојан Миовски и Давор Здравковски уште еден наш фудбалер ќе игра во Шкотска, откако Кристијан Трапановски потпиша за Данди Јунајтед.

Данди Јунајтед се враќа во елитната конкуренција и битолчанецот е едно од засилувања кои ги донесе менаџерот Џим Гудвин, човекот кој го доведе Миовски во Абердин.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


24-годишниот фудбалер во Данди оди од Шкупи и потпиша двегодишен договор со опција за уште една година.

Среќен сум, ова е огромна шанса за мене. Денеска тренирав со првиот тим и моите соиграчи и стручниот штаб беа фантастични со мене. Фудбалот се игра за фановите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу добри работи за навивачите на Данди и не можам да го дочекам првото Данди дерби“, изјави Трапановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Постигнат е договор: Вардар доби нов сопственик!

Македонскиот најтрофеен фудбалски клуб, Вардар од вечерва има нови сопственици, потврдуваа…