Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо после вчерашното реми со Саутемптон призна дека е фрустриран од играта на играчите за врска кои ги посочи како главни виновници за киксот.
Португалецот беше приморан како централни дефанзивци да ги стави Немања Матиќ и Мек Томини, но тие не го разочараа, туку играчите кои играа во средниот ред, особено Пол Погба, кој одигра многу лоша партија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Изгубивме премногу топки на средината, па ни беше многу тешко да креираме шанси. Мислам дека тоа е единствената причина поради која не победивме. Се добро што направивме во последните 20 минути од првото полувреме е резултат на добрата транзиција“.
„Во второто полувреме повторно се вративме на исто и губевме многу топки на средината од теренот. Играчите не можат да разберат дека едноставноста е генијална и се обидуваат да играат комплицирано“, заклучи Мурињо.