Во изминатиот период Лука Дончиќ не беше во комбинација за настап за Далас поради повредата која ја заработи во натпреварот против Денвер.
Дончиќ се врати на тренинзите, но последниот тренинг носи лоши вести за екипата од Тексас. Според информациите на американските медиуми Словенецот имал незгоден доскок при што ја обновил повредата на коленото и тренингот го завршил со мраз на левото колено.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првичните информации се дека ќе биде приморан да паузира неколку недели. Во Далас се надеваа дека ќе го имаат на располагање за дуелот со Клиперси, сега тоа сигурно нема да биде случај.