Нови дресови за новите шампиони! Познатата акција на компанијата Mozzart продолжува во соработка со фудбалскиот клуб Слога Умин Дол од Куманово, кои добија нови дресови за својот тим.
Регионалниот лидер во приредување игри на среќа преку овој проект се труди да обезбеди подобри услови за сите спортисти, без разлика дали се натпреваруваат во повисоките или пониските лиги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа го докажува и оваа донација која пристигна на адресата на фудбалскиот клуб од Куманово. Фудбалерите на ФК Слога Умин Дол моментално се натпреваруваат во четвртата македонска фудбалска лига наречена „Општинска лига Куманово“.
„Нашиот клуб е составен од голем број играчи кои се трудат да остварат забележителни резултати. Драго ни е што Mozzart ја препозна нашата добра работа, оваа донација ни е од голема помош. Нашите фудбалери веќе со гордост ја носат новата опрема“, истакнаа од ФК Слога Умин Дол.