Дома Фудбал Германија Нови главоболки за „Милионерите“: Човекот наречен „Повреда“ повторно во главната улога

Нови главоболки за „Милионерите“: Човекот наречен „Повреда“ повторно во главната улога

Тренерот на Борусија Дортмунд, Петер Штегер истакна дека репрезентативецот на Германија има проблем со повреда на препоните.

Марко Ројс – човекот наречена повреда. Токму оваа зима навивачите на „Милионерите“ се понадеваа дека би можел да понуди полн допринос во битката на Борусија Дортмунд што полесно и побрзо да го осигура местото во Лигата на шампионите, следната сезона. Сепак, последните вести од Дортмунф велат дека тој нема да може да им помогне на соиграчите во саботното големо дерби со минхенски Баерн.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ројс на стартот на вториот дел од сезоната наговести дека би можел да се врати во препознатлива форма. Тој по деветмесечна пауза, исто така поради повреда, одигра пет натпревари и постигна три погодоци. Сега Ројс има проблеми со повредата на препоните, а изминатите денови тренираше и самостојно.

„Токму поради тоа не верувам дека ќе успее да закрепне до викендот“, истакна тренерот на Борусија, Петер Штеген, кој не доживеа пораз во 12 лигашки натпревари откако во декември ја презеде клупата на „Милионерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…