Дома Топ вести Новиот шпански суперталент е на чекор до Реал Мадрид!

Новиот шпански суперталент е на чекор до Реал Мадрид!

Раководството на Реал Мадрид продолжува со политиката на привлекување на млади таленти. Како што пренесува „АС“, „кралевите“ се на чекор д аго комплетираат трансферот на младиот шпански репрезентативец Дани Себаљос.

Себаљос одигра одлична сезона во Бетис и е еден од најдобрите играчи на Европското првенство за млади, па Реал не сака да остави ништо на случајноста.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, 20-годишниот играч за врска во својот договор со Бетис има откупна клаузула од 15 милиони евра која „кралевите“ се спремни да ја активираат.

Планот на Реал е да го купи играчот веднаш и да го остави уште една година во Бетис каде ќе има голема минутажа и каде ќе може добро да се развива.

Себаљос неодоливо потсетува на Лука Модриќ, па „кралевите“ сметаат дека ќе биде одлична замена за Хрватот во наредните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…