Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино на крајот на минатата сезона доби отказ на клупата на ПСЖ, а сега според голем број медиуми е пред изненадувачки ангажман.
Покетино на клупата на ПСЖ седна на почетокот на 2021 година и од него се очекуваше конечно да ја донесе титулата во Лигата на шампионите, меѓутоа не успеа и доби отказ. Покетино беше само уште еден во низата тренери кои не успеаа на Париз да му го донесат најпосакуваниот трофеј откако Катарците влегоа во клубот.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Се поврзуваше Аргентинецот со неколку европски гиганти ова лето, се шпекулираше и враќање во Премиер лигата, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.
Последните информации на француските медиуми се дека Покетино повторно ќе го гледаме во Франција во Лига 1 затоа што преговара со раководството на Ница. Ница сезоната не отвори како што очекуваше и се наоѓа на 13. позиција со осум бодови и само две победи.
Во овој момент клубот е предводен од Лусијен Фавре и како што стојат работите овој стратег нема долго да се задржи.