Дома Топ вести Новиот договор е спремен: Дибала станува втор најплатен фудбалер во Серија А

Новиот договор е спремен: Дибала станува втор најплатен фудбалер во Серија А

Раководството на Јувентус и Дибала ќе седнат на преговарачка маса откако клубот реши да му понуди нов, побогат договор на Аргентинецот.

Дибала минатото лето беше на излезна врата од клубот, но оваа сезона се претвори во прва ѕвезда на тимот, па сега е ред на него да поставува услови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дибала има договор со Јувентус до 2022 година, но Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да испратат понуда на лето за неговиот потпис.

Поради тоа Јувентус сака што е можно побрзо да започне преговори за нов договор, со кој Аргентинецот ќе добие значително зголемување на платата.

Медиумите откриваат дека Јувентус е спремен да му понуди договор до 2024 година „тежок“ 9 милиони евра по сезона. Аргентинецот моментално заработува 7 милиони евра годишно и бара најмалку 10 милиони евра по сезона.

Најверојатно Јувентус ќе се согласи на неговите услови, а со тоа Дибала ќе стане вториот најплатен фудбалер во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спрема јануарска трансфер „бомба“

Арсенал сака да донесе врвен напаѓач, а примарна цел ќе биде ѕвездата на Њукасл, Александе…