Новинарот на шпанска „Марка“ Мигел Анхел Лара кој ги следи случувањата во Реал напиша текст во кој тврди дека оваа сезона треба да очекуваме по квалитетен Лука Модриќ од една причина.
Модриќ ова лето не играше Светско првенство како минатата година кога беше најдобар играч на Хрватска и најдобар на целиот турнир на кој со неговата Хрватска играше финале против Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот капитен немаше доволно одмор после СП и стигна на припремите на Реал на 8-ми август, а веќе една недела подоцна помина 60 минути на теренот против Атлетико во Суперкупот на Европа.
Модриќ поголемиот дел од минатата сезона не беше на своето ниво, како и целиот тим на Реал кој не успеа да се бори за титулата во првенството и купот, додека настапот во Лигата на шампионите го заврши во осминафиналето со поразото од Ајакс.
„Оние кои работеле со Модриќ повеќе значење даваат на менталната исцрпеност, отколку на физичката. Сличен проблем имаше и во 2012 година кога пристигна во Тотенхем од Реал. Неговиот трансфер не беше завршен до 27-август и немаше добра прва сезона во Шпанија“.
„Затоа Модриќ дава големо значење на припремите, посебно бидејќи влегува во својата 34 година. Секоја сезона значи дека е поблиску до крајот, а Хрватот и понатаму сака да се натпреварува и понатаму е победник, освои 15 трофеи во Реал и сака да додаде уште во таа колекција“, пишува новинарот на „Марка“.