Новинарот на францускиот весник „Л’Eкип“ Франк Рамел кој имаше интервју со Ѓоковиќ Белград додека српскиот тенисер бил позитивен на коронавирус, објави дека најдобриот светски тенисер одбил да ја симне маската во текот на интервјуто.
Францускиот новинар Франк Рамел и неговиот тим беа кај Ѓоковиќ во Белград на 18. декември, два дена откако Новак добил позитивен ПЦР тест. Тогаш на Ѓоковиќ му беше доделен трофејот за најдобар спортист во светот во 2021 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рамел сега раскажа дека не му било дозволено да поставува прашања за вакцинација и плановите за Австралија Опен во тој половина час колку што траело интервјуто.
Тој наведе и дека Ѓоковиќ во ниту еден момент не симнал маската во текот на разговорот. Тоа го направил само на кратко кога од поголема дистанца го фотографирале со трофејот.
Ова излагање на новинарот до некаде го објаснува соопштението кое Ѓоковиќ го објави – тука.