Дома Останати Кошарка НБА Нова 50-ка на Леброн за историја, Дончиќ го водеше Далас до победа 🎥

Нова 50-ка на Леброн за историја, Дончиќ го водеше Далас до победа 🎥

Тимот на Лејкерси без поголеми проблеми го совлада Вашингтон со 122:109, а најзаслужен беше Леброн Џејмс.

Леброн натпреварот го заврши со фантастични 50 поени што беше негово второ надминување на оваа граница во само една недела. Ваквиот учинок е фантастичен за секој кошаркар, а треба да се истакне во Леброн полни 37 години за недела. Со тоа стана највозрасниот играч во НБА на кого му усепало вакво нешто.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На дербито во Тексас Далас ја оправда фаворитската улога против Хјустон. Блескаше Лука Дончиќ кој постигна 30 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Хјустон – Далас 100-113, Орландо – Минесота 118-110, Атланта – ЛА Клиперс 112-106, Бостон – Детроит 114-103, Мемфис – Њујорк 118-114, Мајами – Кливленд 117-105, Њу Орлеанс – Шарлот 120-142, Сан Антонио – Јута 104-102, Феникс – Торонто 112-117, ЛА Лејкерс – Вашингтон 122-109.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…