Дома Фудбал Италија Нова опција за Серија А: Сезоната продолжува само во три града?

Нова опција за Серија А: Сезоната продолжува само во три града?

Италијанските медиуми утрово објавија дека натпреварите во Серија А би можеле да се играат само централниот и јужниот дел од државата.

Северот на Италија е најпогоден од пандемијата со коронавирусот, а иако ситуацијата се смирува јасно е дека се уште не сакаат да ризикуваат ништо. Планот е натпреварите од Серија А продолжат кон крајот на мај, но постои можност завршницата да се игра само во три града.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ денес објави дека Серија А сериозно размислува да се избегне играњето натпревари во северниот дел на земјата, а клубовите на кои се однесува тоа се Аталанта, Милан, Интер и Бреша.

Наводно, планот е остатокот од сезоната да се игра само во три града Рим, Фиренца и Наполи. Натпреварите би се поделиле во овие три града и би имало посебен распоред.

Меѓутоа, повеќе информации ќе бидат познати на 23 април кога ќе се одржи состанок на раководството на Серија А и претставниците на клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Во Милан донеле конечна одлука за Консеисао!

Сержо Консеисао ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, а потоа италијанскиот гиган…