Дома Фудбал Англија Новата идеја на Мурињо во НБА стил

Новата идеја на Мурињо во НБА стил

Манчестер Јунајтед не се откажува од крилниот фудбалер на Интер, Иван Перишиќ.

Мурињо изгледа одлучил да го пресели хрватскиот репрезентативец нА „Олд Трафорд“, со оглед на тоа што и по неколку одбиени понуди тој не се откажува.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Интер како што се наведува не сака да го продаде својот фудбалер за помалку од 55 милиони евра, Манчестер не е подготвен толку да им понуди, но „Специјалниот“ сега има нова идеја.

Имено, тој смисли како да ја одоброволи управата на Интер да му дозволи да преговара со Перишиќ, кој веќе изрази жечба да се пресели во Англија. Манчестер во новата понуда ќе вклучи уште еден фудбалер, односно ќе се обиде да добие трампа.

Планот е во Интер да го испрати Дармијан, кој често се поврзуваше со преминување во Интер. Тој инаку ги покрива двете бековски позииции, и за Спалети претставува одлично решение, а за него интерес не смее да се заборави дека има и Јувентус.

Вредноста на бившиот фудбалер од Торино се проценува на 20 милиони евра, идентично како што Мурињо сака да плати за Перишиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…