Новак Ѓоковиќ е поразен во полуфиналето на Австралија Опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот тенисер пристигна на првиот сезонски Грен слем турнир со цел да ги зголеми рекордните бројки на победнички Грен слем турнири (има 24) и Австралија опен (има 10), но беше запрен пред финалето.
Подобар од најдобриот во светот беше четвртиот носител Италијанецот Јаник Синер со 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3.
Ова беше вкупно седми меч меѓу овие двајца тенисери, а Синер намали на 3:4.
Во финалето, 22-годишниот Синер ќе игра против победникот на второто полуфинале, во кое се среќаваат Данил Медведев и Александер Зверев.
Ѓоковиќ влезе во сезоната со амбиција првпат да освои „златен слем“, односно сите четири гренд слем титули во една календарска година, но се сопна уште на првата пречка.