Дома Фудбал Италија Ништо од новиот стадион: Интер и Милан пронајдоа ново решение

Ништо од новиот стадион: Интер и Милан пронајдоа ново решение

Италијанските гиганти Милан и Интер нема да градат нов стадион.

Градските ривали со години го користат еден од најпознатите стадиони во светот, но во последните месеци на Апенините на големо се шпекулираше дека наскоро би можеле да го напуштат.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Милан и Интер ја разгледуваа можноста покрај сегашниот стадион да изградат нов стадион, но после разговорот со градската управа пронајдено е ново решение.

„Градската управа вети дека ќе вложи пари во реновирање на сегашниот стадион. Интер и Милан се расположени за секој вид на соработка и спремни сме да учествуваме во реновирањето на стадионот“, изјави извршниот директор на Интер, Алесандро Антонело.

Од друга страна луѓето во Милано не се откажуваат од идејата во иднина да изградат нов стадион покрај постоечкиот. На тој начин Милано би станал првиот град кој би имал два големи стадиони кои се одалечени само стотина метри еден од друг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите го сменија мислењето: Прво го сакаа Вилијамс, а сега не бил калибар за Барселона

Нико Вилијамс е главната тема во Шпанија изминативе два дена. Репрезентативецот на Шпанија…