Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид, потврдија шпанските медиуми.
Аспиликуета беше пред трансфер во Интер, но Атлетико во последен момент се вклучи во трката и успеа да ја добие битката за неговиот потпис.
Аспиликуета минатото лето потпиша договор со „сините“ до 2024 година, но двете страни сакаа да ја прекинат соработката.
Шпанецот веќе се договорил со „јорганџиите“ за двегодишна соработка, а Челзи е спремен да го раскине договорот и да го пушти без обештетување.
El Atlético de Madrid ata a Azpilicueta. @relevo https://t.co/rGNGjTeyQC
— Matteo Moretto (@MatteMoretto) June 30, 2023