Дома Македонски спорт Никола Секулов го напушта Јувентус, но останува во Италија

Никола Секулов го напушта Јувентус, но останува во Италија

Никола Секулов, по долги години ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Кремонезе каде што треба да биде дел од сениорскиот тим.

Секулов од најрана возраст е во Јувентус, играше и за тимот до 23 години, а сега италијанските медиуми објавија дека треба да ги помине само уште лекарските прегледи и да стави договор со повратникот во Серија Б.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кремонезе го доведува Секулов на едногодишна позајмица со право на откуп идното лето, но поставена и клазула според која за одредена оштета Јувентус може да го врати во своите редови.

Со вториот тим на Јувенус, Секулов играше во третолигашка конкуренција, а сега со Кремонезе ќе се натпреварува еден ранг погоре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…