Дома Трансфер зона Не се шпекулации – Јувентус спреми понуда за Марсело

Не се шпекулации – Јувентус спреми понуда за Марсело

Изминатите денови во шпанските и италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Јувентус е заинтересиран за Марсело, а сега стигна потврда дека интересот е сериозен и „бјанконерите“ спремаат понуда.

Се започна откако Марсело почна да го следи Јувентус и стегна „лајк“ на доаѓањето на Роналдо, а потоа во прошталното писму му порача на Португалецот „наскоро повторно заедно“.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Сега италијанските медиуми пренесуваат дека интересот на Јувентус е сериозен. „Бјанконерите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Бразилецот и наскоро ќе испратат официјална понуда до Реал Мадрид.

Алекс Сандро е во преговори со ПСЖ, па италијанскиот шампион смета дека Марсело би бил идеална замена. „Светците“ се спремни да платат 60 милиони евра за Алекс Сандро, а „старата дама“ истата таа сума ќе му ја понуди на Реал Мадрид.

Марсело има важечки договор со „кралскиот“ клуб до 2022 година и тешко е да се поверува дека Реал ќе му дозволи да замине, но Јувентус не се откажува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …