Дома Актуелно Не се за сите кинеските милиони најважни: Манџукиќ го одбил најбогатиот договор во кариерата!

Не се за сите кинеските милиони најважни: Манџукиќ го одбил најбогатиот договор во кариерата!

manzukic

Maрио Манџукиќ и покрај интересот од бројни клубови ќе остане во Јувентус.

Хрватскиот напаѓач има договор со Јувентус до летото 2020 година и на големо се пишува за неговата иднина. Наводно во Јувентус сакаат да го продолжат неговиот договор за две или три сезона, но Хрватот би требало да се согласи на помалата плата. Според медиумите во Италија преговорите помеѓу двете страни напредуваат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дека и самиот Манџукиќ е среќен во Јувентус сведочи и тоа што одбил богата понуда од Кина. Имено, Далијан Џифанг кој е предводен од Бернд Шустер му понудил на Манџукиќ 10 милиони евра годишно.

Меѓутоа иако се работи за плата три пати поголема во однос на онаа која ја добива во Јувентус, Манџукиќ ја одбил понудата.

Колку Марио значи за Јувентус најдобро зборува изјавата на Алегри.

„Тој е неверојатен, го обожавам! Немам што повеќе да ви кажам за Марио“, изјави Ањели.

Во Јувентус Манџукиќ пристигна во 2015 година од редовите на Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…