Дома Луд Спорт Не сакаа да им се доближат на противниците поради Ковид, загубија 37:0🎥

Не сакаа да им се доближат на противниците поради Ковид, загубија 37:0🎥

Сензационален резултат е забележан на фудбалски натпревар во пониските лиги во Германија.

Натпреварот Ходенштед – Рипдорф е завршен со победа на домаќините од неверојатни 37:0, а се тоа поради коронавирусот.

Имено, раководството на гостите инсистираше натпреварот да се одложи, бидејќи сметале дека домашните фудбалери се суспектни откако биле во контакт со лице позитивно на Ковид.

Бидејќи тестовите покажале дека фудбалерите се негативни, мечот се одигра, а гостите не сакаа да им се приближат на противничките фудбалери, па загубија со неверојатни 37:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

НЕВЕРОЈАТНО: Кабиб вечерва победил со скршено стапало!

Кабиб Нурмагомедов го победи Џастин Гатје и објави пензионирање. Првиот човек на УФЦ, Дајн…