Дома Македонски спорт Не можеше сам: Барди постигна два гола во поразот на Трабзонспор 🎥

Не можеше сам: Барди постигна два гола во поразот на Трабзонспор 🎥

Енис Барди постигна два гола на своето деби во турската Суперлига.

За Трабзонспор Барди дебитираше во плеј-офот од Лигата на шампионите, а вчера го одигра својот прв натпревар во Турција и постигна два гола во поразот на актуелниот турски шампион.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Македонскиот репрезентативец натпреварот го започна од клупата и во игра влезе во 43. минута и неколку минути подоцна во судиското продолжение се запиша во листата на стрелци.

Уште еден гол Барди постигна во 73. минута кога го изедначи резултатот на 2:2, сепак до крајот Анталијаспор постигна три гола и победи со 5:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…