Дома Фудбал Германија Не им верува на Германците: Халанд побарал да се лекува во Катар

Не им верува на Германците: Халанд побарал да се лекува во Катар

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд ќе го пропушти завршниот дел од 2020.

Халанд беше во голема форма до натпреварот против Келн кога не успеа да се запише во листата на стрелци, но за работата да биде уште полоша се повреди и ги пропушти дуелите во Лигата на шампионите против Зенит и Лацио, а не играше и против Ајнтрахт во Бундеслигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


До крајот на годината нема да игра и ќе ги пропушти натпреварите со: Штутгарт, Вердер, Унион Берлинг и Браушвајнг. Очекувањата се да се врати на почетокот на 2021. Интересно е што побарал од клубот да оди во Катар и таму да се лекува.

„Халанд сакаше да оди во Катар каде ќе биде опкружен со врвни доктори. Во контакт е со нас, заеднички постигнавме договор“, изјави Михаел Зорц, извршниот директор на Борусија.

Пред повредата Халанд имаше 17 голови на 14 натпревари во сите натпреварувања. Покрај тоа што тој не играше Борусија се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Не е чудно зошто не го бркаат: Познато колку пари би добил Аморим во случај на отказ

Рубен Аморим и покрај лошите резултати сè уште е шеф на стручниот штаб на Манчестер Јунајт…