Младиот турски фудбалер Емре Демир (17) неодамна потпиша договор со Барселона.
Талентираниот 17-годишник на Барселона ќе и се приклучи во јули наредната година и прво ќе настапува за „Б“ тимот. До тогаш Демир ќе го носи дресот на Кајсериспор, а интересно што младиот фудбалер не знаел дека потпишува договор со Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не знаев каде одам додека не го видов договорот. Мојот агент не ми кажа што се случува. Ме повика и ми кажа дека одиме во Истанбул да потпишеме договор со голем клуб. Бидејќи не сум полнолетен не можев сам да потпишам затоа и моите родители беа со мене. Потоа го видов името на Барселона на договорот, не можев да не заплачам“, истакна Демир.
Емре со Барселона потпиша договор до 2027 година. Турскиот клуб од неговиот трансфер инкасираше два милиони евра.