Дома Фудбал Англија Не е се така црно за Билиќ: Хрватот добива оштета од лондонски Вест Хем

Не е се така црно за Билиќ: Хрватот добива оштета од лондонски Вест Хем

Хрватскиот тренер, Славен Билиќ ќе добие огромна оштета по поразот во Вест Хем, јавуваат британските медиуми.

Билиќ би требало да добие околу два милиони фунти оштета, со оглед на тоа дека порано ја прекина соработката со клубот од северен Лондон, со кој имаше договор до крајот на сезоната.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Иако Вест Хем добро ќе го исплати Билиќ, во овој клуб на крајот можат да бидат и среќни бидејќи не ја продолжија соработката со Хрватот, иако веќе неколку пари преговараа на таа тема. До потпишување на нов договор никогаш не дојде поради резултатската криза во која Вест Хем се наоѓаше веќе подолго време.

На хрватскиот стратег му пресуди поразот од Ливерпул на домашен терен со резултат 4:1.

Вест Хем по одиграни 11 кола се наоѓа во зоната за испаѓање, го зазема 18. место со само девет освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…