Дома Останати Кошарка Не е за оние со слаб стомак: Стравична повреда на Драгиќ

Не е за оние со слаб стомак: Стравична повреда на Драгиќ

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ не се најде во можност да своите соиграчи од Мајами да им помогне во мечот против Индијана Пејсерс, поради повредата која ја заработи на дуелот со Торонто претходната вечер.

Што, всушност, се случи? На почетокот од третата четвртина Драгиќ се обиде да одигра одбрана против Кори Џозеф, во моментот кога бекот на Торонто се наоѓаше во продор кон кошот. Но, Драгиќ заработи таков остар и силен удар во десната арката што му предизвика контузија на орбиталната коска.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Моментално неговото десно око е целосно затворено и не може да гледа со истот, пред сè бидејќи отокот е стравичен. Голема среќа е што не го загуби видот при ударот. Останува прашање кога Драгиќ ќе се врати на паркетот, под обрачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Адетокунбо за НБА Европа: Да видиме кој е навистина најдобар на светот (Видео)

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо, изјави дека со задоволство би ја поддржал идеј…