По две сезони поминати во Втората лига, Вардар сезона игра во прволигашка конкуренција, но сезоната црвено-црните ја стартуваа со три порази.
Подобри од Вардар на стартот од сезоната беа Брера, Шкупи и Воска Спорт. Навивачката група „Комити“ по ваквите резултати испрати опомена до фудбалерите со соопштение во кое ја потенцираат слабата желба на фудбалерите на Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ниту забраната за гостување, ниту резултатите на клубот, нема да нè спречат! Вчерашниот натпревар заврши со молк. На фудбалерите не им дадовме поддршка туку опомена и дознаење дека не смеат да си дозволат, да ги преминат нашите црвени линии.
Нас нѐ не болат резултатите, туку играта и најголемиот наш пораз не е во немањето бодови, туку во немањето желба. Тоа е она што мора да се промени! Но, важно е секој наш член, секој Вардарец, сега кога е најтешко да застане зад клубот. Свесни сме дека сме сами, но свесни сме и дека само сплотени можеме да стигнеме до целта.
В среда, на стадионот „Борис Трајковски”, потребна е силна поддршка од наша страна. Затоа, не се мисли, не барај изговор – дојди и биди тука, зошто сега е тешко, сега сме најпотребни! Во среда не постои друга опција, освен победа против Силекс!“, објавија „Комити“.