Дома Фудбал Англија Не бил само обичен грабеж, Озил и Колашинац се замериле со опасна банда од Лондон

Не бил само обичен грабеж, Озил и Колашинац се замериле со опасна банда од Лондон

Aрсенал во недела патува на натпревар против Њукасл, а за овој натпревар Емери нема да смета на Колашинац и Озил.

Стратегот на Арсенал смета дека Озил и Колашинац не се доволно психички спремни поради проблемите кои ги имаат со улична банда во Лондон.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Неодамна двајцата беа нападнати на улица. Разбојниците тогаш се обиделе да го одземат автомобилот на Озил, но Колашинац постапи храбро и тргна да се пресметува со напаѓачите, на тој начин се спаси себе и соиграчот. Од тој момент Колашинац стана херој на навивачите, а го доби и прекарот „Хулк“.

Според информациите во тој момент тие влегле во конфликт со опасна банда од Лондон. Наводно во последните денови Колашинац и Озил биле дел од неколку инциденти и се случувало во близина на нивните домови. За
среќа не е повредени, а германскиот фудбалер одлучил да плати и дополнително обезбедување да го чува неговиот дом.

Озил и Колашинац ќе мораат да почекаат да заврши полициската истрага, па целосно да се посветат на обврските во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Ѓекереш на чекор од Арсенал

Арсенал е се поблиску до голгетерот на Спортинг Лисабон Виктор Ѓокереш. Според Фабрицио Ро…