Бразилската ѕвезда на Пари Сент Жермен повторно крена прашина и ја доведе под знак прашалник својата идниата со најновата изјава.
Нејмар беше запрашан од страна на новинарите да одбере еден фудбалер со кого би сакал да игра во ист тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Азар е многу интересен фудбалер, има сличен стил на игра како мојот. Голема желба ми е да заиграм во иста екипа со него“, изјави Нејмар.
Според шпанските медиуми Азар од следната сезона готово сигурно ќе игра во Реал Мадрид, па ваквата изјава на Нејмар се толкува како да му се додворува на „кралевите“.
Нејнар во ова интервју ја објасни и причината зошто решил да ја напушти Барселона и да се пресели во ПСЖ.
„Си заминав затоа што ми беше потребен нов предизвик, да победувам, нешто ново, да најдам други пречки, потешкотии. Барса е клуб кој отсекогаш ме воодушевувал, се уште го сакам. Беше навистина тешко да си заминам, имаше моменти каде се двоумев и си велев дека нема да си одам. Така беше две недели пред да одлучам да заминам во Париз“, истакна Нејмар.