Нејмар за зборуваше за „ТНТ Спортс“ по завршувањето на сезоната во Лига 1. Во разговорот Бразилецот беше прашан за неговиот фаворит за освојување на Златната топка.
Изборот на Нејмар можеби е и изненадување за многумина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Килијан Мбапе имаше одлична сезона, Карим Бензема исто така. Сепак, гледав многу малку натпревари оваа година. Ако треба да се потпрам на она што го видов, би го избрал Винисиус Жуниор“, изјави Нејмар.
Винисиус ја имаше најдобрата сезона во својата кариера, постигнувајќи 22 гола и додавајќи 20 асистенции на 52 натпревари во сите натпреварувања, а круната на сето тоа беше саботното финале во Лигата на шампионите, кое заврши со победа на Реал и одлучувачкиот гол го постигна токму тој.
Според најавите, главен фаворит за освојување на Златната топка е Карим Бензема, кој оваа сезона постигна 44 гола и додаде 15 асистенции на 46 натпревари. Французите не кријат дека оваа награда е негова главна цел.