Дома Видео Нејмар го удри играчот на Марсеј па беснееше кај судијата: За расизам нема казни!? ?

Нејмар го удри играчот на Марсеј па беснееше кај судијата: За расизам нема казни!? ?

Неверојатен натпревар беше одигран вечерва во Париз помеѓу ПСЖ и Марсеј.

Марсеј успеа да слави со минимални 0:1 против лутиот противник, но натпреварот го обележија сцени какви што не им е место на фудбалските терени.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Се започна кога Паредес го фаулираше Бенедето. Настана вистински хаос. Курзава и Амави се степаа, а Нејмар го удри Лопез. Судијата покажа дури пет црвени картони. Исклучени беа: Паредес, Нејмар, Курзава, Бенедето и Амави.

Нејмар црвениот картон го доби после прегледувањето на ВАР. Но, Бразилецот не можеше да се помири со таа одлука. Додека излегуаше од теренот тој му се обрати на четвртиот судија прашувајќи дали за расизам нема казни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Гаардиола сакаше засилување од Јувентус – доби „корпа“!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола планира во летниот период да направи голема рек…