Најскапиот играч на светот, Нејмар е лут на медиумите, кои, според негово мислење, постојано пласираат лажни вести.
Нејмар летово премина во ПСЖ за 222 милиони евра, но во последно време се пишува за неговото незадоволство во Париз и можноста да премине со уште еден голем трансфер во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ми пречат натписите во медиумите. Среќен сум во Париз и бројките се перфектни. Мотивиран сум да бидам играч кој дава се од себе на теренот, па ми пречат приказните кои се пласираат од луѓето кои мислат дека се знаат, а немаат појма. Еве ви кажувам, немам проблеми во ПСЖ, само ми пречи притисокот од медиумите“, истакна Нејмар.
Со тоа Нејмар веројатно им стави крај на бројните гласини дека набрзо ќе го напушти ПСЖ и дека води војна со одредени членови на клубот.
„Немам никаков проблем со Кавани. Не дојдов да создавам невољи, туку да им помогнам на сите, па и на тренерот Емери. Престанете да пишувате лаги бидејќи се е во ред. Во ПСЖ дојдов да освојувам титули“, порача Бразилецот.