Дома Фудбал Нешто импресивно се крие позади двата гола на Роналдо против Севиља

Нешто импресивно се крие позади двата гола на Роналдо против Севиља

Реал Мадрид вчера во натпревар од Примера ја декласира Севиља со 5:0, а двоен стрелец беше Кристиано Роналдо.

Најпрво Роналдо постигна гол во 23-та минута на асистенција на Асенсио, а потоа погоди уште еднаш од белата точка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако Португалецот оваа сезона не е на своето голгетерско ниво во Примера, сепак нешто импресивно и интересно се крие позади двата вчерашни гола. Имено, Роналдо секогаш непосредно после добивањето на „Златната топка“постигнува гол за Реал Мадрид.

Португалецот само ја продолжи низата, а претходно постигнуваше погодоци против Осасуна, Атлетико Мадрид и Гранада после освоените „Златни топки“ во 2013, 2014 и 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…