Дома Фудбал Италија Несторовски останува во Удинезе: Следната сезона ќе го исполнам ветувањето

Несторовски останува во Удинезе: Следната сезона ќе го исполнам ветувањето

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски потврди дека следната сезона ќе остане во Удинезе.

Несторовски во првата сезона на „Фриули“ придонесе тимот да избори опастанок во Серија А, а следната сезона ветува двоцифрен број на погодоци.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Кога пристигнав во Удинезе ветив дека ќе постигнам 10 гола по сезона но не го познавав тимот најдобро. Полека успеав да се адаптирам и почнав да влегувам во форма. Се надевам дека следната сезона ќе успеам да го одржам зборот и да постигнам двоцифрен број на голови“, изјави Нестровски.

„Голот против Јувентус? Ако ја видите акцијата, имавме 20 допири со топката, не беше класичен контранапад. Де Мајо ми рече дека погодокот против Јуве вреди за три, па еве имам пет“, се шегува македонскиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …