Дома Фудбал Италија Несторовски и Трајковски добија нов тренер – четврт сезонава!

Несторовски и Трајковски добија нов тренер – четврт сезонава!

Диего Лопез е новиот тренер на Палермо, каде играат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Некогашниот уругвајски репрезентативец доаѓа на местото на Еугенио Корини, кој доби отказ поради слабите резултати.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Лопез ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Серија А со Палермо кој е на претпоследната позиција со само 10 освоени бода и заостанува 11 бода зад сигурната зона.

„Мислам дека ова е голема можност за мене. Палермо е важен град, а претседателот на клубот ми даде можност да работам тука. Разговаравме за тоа што треба да се случи во наредните месеци. Најважно е тоа што веруваме, иако сме во многу тешка ситуација“, рече Лопез.

Лопез е четвртиот тренер на Палермо од почетокот на сезоната, па покрај Корини претходно откази заработија и Давиде Балардини и Роберто Де Зерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…