Во тек е Светското првенство (СП) во фудбал за девојки до 20 години, а на натпреварот помеѓу Англија и Мексико (6-1) беше виден неверојатен погодк на младата Лорен Хемп.
При водство на Англија од 5-1, во 80. минута од средбата Хемп се проби по десната страна на теренот, а на неа истрча голманката на Мексико, која успеа да ја спречи Англичанката во нејзината намера, но само за момент бидејќи Хемп при падот успеа да постигне гол со својот задник.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Инаку, Англија токму со победата против Мексико го обезбеди првото место во групата Б и се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот.
Has a stranger goal been scored? #U20WWC pic.twitter.com/eJaktz1cQI
— Hayes Creech (@HayesCreech) August 12, 2018