Дома Фудбал Нереални сцени во соседството: Примија 19 гола па го прекинаа натпреварот

Нереални сцени во соседството: Примија 19 гола па го прекинаа натпреварот

Една од најбизарните сцени во поновата фудбалска историја се случи во Црна Гора, каде Зета го победи Његош од Подгорица со 19:0 во тамошниот трет ранг на натпреварување.

Фудбалерите на Његош се најдоа во центарот на вниманието на јавноста бидејќи примија дури 50 гола на последните четири натпревари.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Причината во голема мера лежи во ограничениот играчки кадар со кој располага овој тим, па против Зета замина со десет играчи.

Зета ја искористи својата супериорност во однос на квалитетот и бројот на играчи и ја наполни мрежата на ривалот до врв, а прашање е каков резултат ќе завршеше натпреварот доколку не беше видена бизарна сцена во 70. минута кога Зета водеше 19:0.

Имено, како што пренесуваат црногорските медиуми, дури десет играчи на овој тим истовремено, како што пренесува порталот РТЦГ, паднале на теренот „како покосени“, па натпреварот бил прекинат поради колапс на целата екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарно: Во Германија изградиле стадион од 54 милиони евра без семафор и тоалет

Во Германија, поточно на реновираниот стадион „Хајнц-Штајнер“ во Дрезден се случи една нео…