Дома Фудбал Нема тим во Ла Лига против кој Суарез играл, а не постигнал гол!

Нема тим во Ла Лига против кој Суарез играл, а не постигнал гол!

Барселона вчера убедливо го совлада Ваљадолид со 5:1 и повторно се искачи на првото место на табелата во Ла Лига со 22 бодови од 10 натпревари.

Лионел Меси постигна два гола, еден од слободен удар и тој беше негов 50-ти во кариерата на таков начон. Конечниот резултат го постави Луис Суарез во 77-тата минута.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


За Суарез тоа беше 137-ми лигашки гол за Барселона, но прв против Ваљадолид. Тоа беше последниот тим против кој Суарез играл, а не постигнал гол во Ла Лига откако во 2014 година пристигна во Барселона од Ливерпул.

Уругваецот досега бил стрелец против сите 27 клубови со кој се сретнал во шпанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато е кога ЦрвенаЅвезда го претставува Дејан Станковиќ

Српскиот тренер Дејан Станковиќ по вторпат ќе го преземе тимот на Црвена Ѕвезда од Владан …