Возачот на Ферари, Кими Рајконен го продолжи договорот на уште една година и следната сезона ќе настапува за истата екипа во Ф1 шампионатот, соопшти денес.
Рајконен во 2007. година од Мекларен пристигна во Ферари и во правата година ја освои шампионската титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По две години премина во Лотус, но во италијанскиот тим се врати во 2014. година.
Рајконен не победи во трка од Ф1 откако се врати во Ферари.
Во досегашниот дек на шампионатот, Финецот го зазема петтото место со 86 бодови заостанување зад клупскиот колега Себастијан Фетел, кој ја предводи листата во генералниот пласман.