Блескаше во младинските категории…
Португалецот, Жоао Фелипе, познат како Жота сигурно ги воодушеви сите кои го следеа Европското првенство за играчи до 19 години во Финска.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со своите пет погодоци, беше можеби и најважен член на репрезентацијата која стана европски шампион, а ја доби и наградата за најдобар фудбалер на турнирот.
Тоа беше и повеќе од доволно за да го сврти вниманието на големите клубови.
Барселона и Манчестер Јунајтед први се појавија како заинтересирани клубови за момчето кое се уште нема дебитантски настап за Бенфика во сениорска категорија, а член на младинските категории на овој клуб е од 2007 година, што значи од најарана возраст.
Сега е сосема извесно дека ќе добие прилика кај Руи Виторио (доколку не замине), а цената воопшто нема да биде мала.
Португалците ставија до знаење дека кој сака да го доведе Жота ќе мора да плати 40 милиони евра! Ќе повториме уште еднаш – без настап во првиот тим!