Дома Фудбал Англија Нема кечап, мајонез, шеќери…Конте воведува строг режим во Тотенхем

Нема кечап, мајонез, шеќери…Конте воведува строг режим во Тотенхем

Aнтонио Конте неодамна седна на клупата на Тотенхем, а изгледа дека Италијанецот не е задоволен со формата на дел од играчите, па ќе ја промени исхраната.

Конте смета дека одредени фудбалери имаат вишок килограми кои под итно мораат да ги намалат и тоа им го кажал директно. Конте ќе им забрани на фудбалерите да користат мајонез, кечап, шеќери…

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Секој фудбалер мора физички да напредува за да се вклопи во мојата идеја на фудбалот. Мора да го зголемат својот капацитет…Два или три дена тренинг е премалку да одговориме на сите прашања кои не мачат. Се надевам дека ќе останеме посветени и ќе мораме негативните работи да ги претворивме во позитивни“, изјави Конте.

Во овој момент Тотенхем е деветти на табелата, а бидејќи клубот има поголеми амбиции „петлите“ ќе мораат веднаш да почнат да освојуваат бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Завршена е големата трансфер приказна во светот на фудбалот, Кралевите тријат раце: „Одлучено е“

Шпанските медиуми пренесуваат вести дека Реал го заврши трансферот на стоперот на Ливерпул…