Дома Фудбал Германија Нема дилеми, тој е најголемиот „БАКСУЗ“ во модерниот фудбал!

Нема дилеми, тој е најголемиот „БАКСУЗ“ во модерниот фудбал!

Дали е можно?

Судејќи според ситуацијата, фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, ќе мора да оди на нова долга пауза поради повреда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Германецот заработи повреда во Суперкупот на Германија, го повреди коленото, се предидуваше дека ќе се врати на стартот од сезоната, но „Билд“ денес пренесува нови информации.

Според овој извор, ситуацијата на Ројс се искомплицирала и нема да може да тренира се до март, па негово враќање сега се очекува во финишот на сезоната.

Сеуште не е познато дали станува збор за нова повреда, но секогаш добро упатениот „Билд“ најавува нова долга пауза.

За Ројс веројатно најважно е да биде спремен за Светското првенство 2018 година, бидејќи токму поради повреда не беше дел од Мундијалот во Рио во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Гардијан“ пред 10 години избра 50 најголеми таленти – ретко за кого погодија!

Британскиот весник Гардијан пред една деценија избра 50-ина најперспективни фудбалски тале…