Дома Фудбал Репрезентации Некоја нова Аргентина: Отвори Икарди после само една минута, точка стави Дибала! (ВИДЕО)

Некоја нова Аргентина: Отвори Икарди после само една минута, точка стави Дибала! (ВИДЕО)

Aргентина со 2:0 го победи Мексико во пријателски натпревар во Мендоза.

Стрелци на погодоците беа Мауро Икарди и Паоло Дибала.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ги нема повеќе Маскерано, Ди Марија, Игуаин, на овој собир не беше присутен ниту Агуеро, а Меси и понатаму е на пауза од репрезентативните обврски.

Аргентина под водство на Лионел Скалони повторно има вистинска деветка која во осмиот настап ја отвори својата голгетерската сметка. Наследникот на Меси исто така конечно после 18 настапи го постигна првенецот во дресот на „Гаучосите“.

Истиот двоец режираше победа над истиот противник пред четири дена во Кордоба (2:0), но тогаш не постигнаа погодоци. Сега конечно го „скршија малерот“, поради што целата земја се радува.

https://www.youtube.com/watch?v=cAugULeMbzw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…