Дома Фудбал Англија Некогаш беше голема надеж на Арсенал, а денес ја заврши кариерата на 27 години

Некогаш беше голема надеж на Арсенал, а денес ја заврши кариерата на 27 години

Некогаш еден од најголемите надежи на Арсенал Емануел Фримпонг одлучи да стави крај на кариерата.

На Фримпонг многу љубители на фудбалот добро се сеќаваат од времето поминато на „Емирати“ иако тоа беше кратко и прилично неуспешно.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, неговото име често се споменуваше во контакт на најголемите таленти на Островот, но никогаш не успеа да направи кариера каква што се очекуваше од него. Иако има само 27 години, Фримпонг одлучи да стави крај на кариерата, а причина се тешките повреди.

„Со голема тага одлучив да се простам од професионалниот фудбал. Имам проблем со коленото веќе пет години и морам да се повлечам кога во прашање е професионалното ниво“.

„Не играв од ноември 2017 година бидејќи ги скинав лигаментите на колентоо и на своја рака се одлучив за операција со оглед дека не уживам во фудбалот како порано поради болките кои ги имам. Сакам да им се заблагодарам на своите клубови кои ги претставува – Арсенал, Вулвс, Чарлтон, Барнсли, Фулам, УФА, АФЦ Есилсун и Ермис за сета љубов и поддршка која ми ја даваа. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои ме подржуваа. Ќе видиме што сега носи иднината“, гласи соопштението на Фримпонг.

Фримпонг во младинските денови играше за репрезентацијата на Англија, но подоцна се одлучи за Гана и за оваа селекција одигра само еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФФМ го одржа првиот семинар во Македонија за ВАР обука

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат во нашата земја организираше и спрове…