На Светското првенство во Данска и Германија денес е слободен ден, а утре ќе ги дознаеме останатите полуфиналисти, покрај Франција и Германија кои веќе се полуфиналето.
Во другата група Данска апсолутно дминира, но може да се случи и да отпадне од трката за медали. Данците се единствена селекција која на седум натпревари имаат топку победи. Сепак и покрај таквата доминација само еден пораз може да ги оддалечи од борбата за медал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утре од 20:30 часот Шведска игра против Данска. Данска влегува со максимални осум бода во овој натпревар, но според математиката ако Шведска слави над Данска, а Норвешка ја победи Унгарија добиваме круг од три репрезентации по осум бода. Тогаш ќе решава гол-разликата во меѓусебните дуели и ќе биде важно кој со колку разлика го победил ривалот.
Данска има плус четри во однос на Норвежаните (30:26), додека Норвешка има плус три во однос на Шведска (30:27). Тука има повеќе варијанти, но најмногу интересна е онаа во која Данска која доминира може да остане без медал.
За тоа да се случи Шведска треба да ја победи Данска со шест или повеќе голови разлика. Така Шведска би бил втора, Норвешка втора – нема полуфинале за Данците.
Може и Шведска да слави со пет гола разлика и Данска да отпадне, но тогаш Данците не треба да постигнат повеќе од 25 гола.