Дома Фудбал Невиден потег на кладилниците на денот на натпреварот Црвена Звезда – Сити!

Невиден потег на кладилниците на денот на натпреварот Црвена Звезда – Сити!

Фудбалерите на Црвена звезда од 18 часот и 45 минути во Белград пред своите навивачи ќе го одиграат натпреварот од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Црвено-белите ќе се обидат почесно да се збогуваат со елитата. Ова е последен натпревар за Звезда во Европа оваа сезона, бидејќи по поразот од Јанг Бојс веќе нема никакви шанси да избори пласман во плеј-офот од Лигата на Европа, ниту пак во продолжението од елитното натпреварување.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Што се однесува до Сити, тие одамна го обезбедија првото место во групата и следната фаза од натпреварувањето, а во Белград ќе играат без Ерлинг Холанд, Кевин де Брујн и Џереми Доку.

Ќе бидат делумно ослабени, па Звезда би можела да направи изненадување. За ова се свесни и кладилниците, па коефициентите „паѓаат“ за шампионот на Србија. Ако ги прашате обложувалниците, шансите на Звезда драстично се зголемуваат.

Моменталниот коефициент за победа на Звезда е седум, што е пад од почетните 10, коефициентот за реми е 5,75, а за Сити 1,45, додека претходно беше 1,22.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…