Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди минатата сезона повторно беше најдобриот играч на Интер, а сезоната ја заврши и како прв стрелец во Серија А со 29 постигнати гола.
Интер во неверојатната завршница успеа да избори пласман во Лигата на Шампионите по победата во последното коло против Лацио. Икарди повторно беше лидер на екипата од „Меаца“, а се разбира веднаш по завршувањето на сезоната започнаа шпекулациите за неговата иднина во Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач пред неколку недели изјави дека сака да остане во Интер, но дека е подготвен да го напушти клубот доколку тоа од него бараат. Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра, но таа важи само во првите 20 дена во јуни.
Сепак, „Corriere della Sera“ ова утро пренесе малку неверојатна вест, а тоа е дека Икарди е мета на Јувентус. Шампионот на Италија наводно е решен во свотие редови да го доведе Икарди, а со пари е подготвен во спротивната насока да го испрати и неговиот сонародник, Гонзало Игуаин.
Наводно, Јувентус е подготвен на Интер да му плати 50 милиони евра и понуда Игуиан за кого веруваат дека вреди барем 60 милиони и така да ја изедначат клаузулата од 110 милиони евра. Сега се ќе одлучи управата на Интер, но се разбира и Икарди кој најмногу се прашува.